Пограничен инцидент во Охридско Езеро со глисер со албански ознаки



Скопје, 3 август 2020 () – Полициски службеници од ПС „Охридско езеро“ на 2 август пред полноќ во с.Радожда, Струшко забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Република Албанија, соопштија од МВР.

– По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин,.Албанија, информираат од МВР.

За овој настан од страна на МВР се известени пограничните органи на Република Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот. оџ/

 


Вести

Реакција од група Македонски научници во однос на континуираните бугарски негирања на посебноста на Македонскиот народ и јазик

Како македонски научни работници – проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници. Особено со индигнација ги отфрламе […]

Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА
Вести

Осум лица починати од Ковид-19, новозаразени 144, оздравени 97 пациенти

Скопје, 18 септември 2020 () – Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на Ковид-19, починати се осум лица, а  оздравени 97. Од […]

„27-ми Април“ пред Апелација на 27, 28 и 29 мај - МИА
Вести

Врховен ги потврди пресудите на Апелација за Груевски, Поповски и Јанкулоска

Скопје, 18 септември 2020 () – Врховниот суд на Република Северна Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*