Поднесено обвинение за поранешен градоначалник на Неготино


Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.
-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти утрово Јавното обвинителство на РМ.

Обвинителството утврдило дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

Како што е наведено во соопштението, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи,  Законот за државни службеници,  Законот за административни службеници и  Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 отсто од износот на основната плата пресметана по час.

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал  на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 отсто за час, без да постои поединечно решение и извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, велат од Обвинителството.

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]