Почнаа со старата шема. Укради возило па барај откуп за истото…


Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против В.П. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 и „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик на Република Македонија.


 

На 05.01.2018 година околу 16.15 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје пријавениот одзел патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ц. (50) од Скопје, по што заминал во непознат правец. Потоа, за истото возило, со закана дека ќе го расклопи на делови доколку не му бидат дадени  2000 евра, го принудил оштетениот да ги плати парите за да си го поврати украденото возило.  На 08.01.2018 година З.Ц. заедно со неговиот пријател М.Р. (45) од Скопје се сретнале со пријавениот, кој откако ги добил парите им кажал дека возилото ќе било донесено кај слаткарница во Стопански Двор.

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници на 15.02.2018 година во полициска станица во Скопје, во присуство на Јавен обвинител, било извршено препознавање на пријавениот.