Почина Зафир Хаџиманов, македонски амбасадор на културата во Србија


Актерот, композитор, пејач, Зафир Хаџиманов, кој почина денеска на 77-годишна возраст како резултат на коронавирусот, е едно од препознатливите лица на македонската и југословенската уметничка сцена со богат опус што го остави зад себе и беше најпознат македонски културен деец кој живееше и твореше во Белград и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.


 

Тој не само што од 2007 година беше промовиран во почесен амбасадор на културата во Србија, туку и на дело како еден од основачите во 1991 година на македонско-српското пријателство Шар Планина и на здружението на македонците во Белград „Македониум“ претставително ја афирмираше Македонија и нејзинита култура во Србија и овие простори и беше еден од најистакнатите преставнителни личности на македонската заедница во Белград, за што има добиено повеќе македонски и српски признанија и награди.

Кантавтор, поет, актер Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да се занивама со музика и театар. Во 1967 година дипломира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Паралелно со студиите, настапува како пејач на забавната музиката и ги сними своите први два плочи, на кои е автор и на текстовите.

На познатиот Опатијски фестивал во 1965 година има освоено прво место со песната „Зошто доаќаш само со дожд“

Има снимено голем број албуми и има одиграна главни улоги во неколку музички настапи. Има публикувано шест книги поезија, две прозни книги и три музички книги за деца.Паралелно има снимано бројни ТВ шоу програми.

Кариерата ја започнува како студент по глума. Ги играше главните улоги во филмовите на режисерот Жика Митровиќ „Нож“ и на Трајче Попов „Крвава македонска свадба“. Но, музиката го „украде“ од глумата.

-Тоа беа одлични времиња. Постојано ми се отвориаа напоредни кариери. Ќе снимив филм, па би добил покана да одам на голема музичка турнеја, ќе се вратам од турнеја и ќе добијам покана да глумам во претстави и филмови … Цел живот имав дилеми околу изборите. Но, мислам дека не направив грешка. Станав многу рано ѕвезда во поранешна Југославија како пејач . Луѓето ме сакаа и тие сè уште ме сакаат денес“, изјави Зафир Хаџиманов за српските медиуми.

Зафир Хаџиманов е автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“.

Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година промовиран е неговиот компилациски албум со 19 песни.

Публиката во Белград особено го памети по улогата на Жан Валжан во мјузиклот „Јадници“ во режија на Небојша Брадиќ, кој беше поставен на сцената на „Мадленианум“.

Хаџиманов ја играше главната улога во еден од највпечатливите мјузикли поставени во белградските театри во последните 30 години.

Тој неодамна во едно интервју откри дека „проблемите започнале во осмата деценија“:

-Кога влегов во мојата осма деценија, започнаа проблеми. Претпоставувам дека тоа се вика старост. Тоа е една од најгрдите работи што сум ги сретнал. Отпрвин, поради небрежност на очните хирурзи, изгубив едно око. Потоа имав срцев удар, а од мајка ми мајка ми, покрај убавата куќа во Скопје, наследив и дијабетес, кажа Хаџиманов.

Синот на Зафир е еден од најважните европски џез пијанисти, Васил Хаџиманов, а сопруга му беше познатата југословенска пеачка и актерка Сенка Велетанлиќ.