Почина тешко повредената девојка во несреќата кај Ласкарци

Почина 20-годишната девојка која во автобуската несреќа на 13 февруари кај Ласкарци, беше тешко повредена и хоспитализирана на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Ова за МИА попладнево го изјави раководителот на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова.

Поради сериозноста на повредите на девојката и беа извршени неколку операции и и беше ампутирана ногата.

– Тешки телесни повреди имаше девојчето. Четириесет дена борба водевме за нејзиниот живот. Имаше многу повредени системи, нагмечувања…Се боревме за нејзиниот живот, за жал, не ја добивме битката, рече д-р Мојсова и додаде дека изразуваат сочувство до семејството на девојката.

Починатата девојка е 16-та жртва во несреќата кај Ласкарци.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]