Побаран притвор за дилер на дрога од Битола



Во Скопје приведени двајца осомничени крадци - МИА

Основното јавно обвинителство Битола побара од битолскиот суд да му одреди мерка притвор на 38-годишниот битолчанец, кај кој полицијта пред два дена пронајде хероин.


 

Од ЈО информираат дека битолското обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка и со предлог до Основниот суд Битола побарало на едно лице да му определи мерка притвор, поради основано сомнение дека лицето сторило кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-При извршен претрес во домот на осомничениот, 38-годишен битолчанец, службените лица пронашле наркотична дрога – хероин. Осомничениот на 23 март 2021 година, неовластено заради продажба од непознато лице купил дрога, која потоа во својот дом ја препакувал во 26 полиетиленски опаковки со вкупна маса од 44,10 грама, информираат од ЈО.