Парични казни за непочитување на полицискиот час во Прилеп и Крушево


Парични казни за непочитување на полицискиот час во Прилеп и Крушево - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози  за издавање казнени налози против 24 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинителството поведе постапка и против едно лице од Крушево, па до Основниот суд Крушево поднесе предлог за издавање казнен налог заради непостапување според донесената забрана за движење на населението на територијата на државата во определени временски периоди, се вели во соопштението на ОЈО.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп и во Крушево, па обвинителството за секого од нив предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]