ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(34) од кичевското с.Другово


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(34) од кичевското с.Другово. Тој на  12.08.2020 година во 21.40 часот на ул.„11 Октомври“ во Кичево се обидел да избега од полициските службеници и притоа исфрлил две пакувања со марихуана.