ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Д.(43) од Кичево


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Д.(43) од Кичево. На 18.01.2021 година, при претрес извршен во неговиот дом во Кичево, полициските службеници ја затекнале С.Ш.(61) од Швајцарија при користење дрога по што пронајдени се и одземени повеќе предмети со остатоци од кокаин.