ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Д.З.(65) од Гостивар


ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Д.З.(65) од Гостивар, сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.12.2020 во 18.30 часот, при извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во угостителски објект во Гостивар биле затекнати пет лица – гости, со што Д.З. ги прекршил дополнителните рестриктивни мерки за заштита на здравјето на населението од „ковид-19“, кои се однесуваат на ограничување на работно време на угостителските објекти до 18.00 часот. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен, а увид извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.