
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Т.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “. На 28.02.2021 на магистралниот пат Ростуше-Маврово, на место викано „Жировнички мост“, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот и во возилото „мерцедес’’, во кое бил како сопатник, при што кај Б.Т. пронашле и опдзеле марихуана.