Откриени насади со марихуана, приведени татко и син од Кавадарци


Полицијата откри насади со марихуана кај местото Јаворица, а притворени се татко и син кои се осомничени дека ги насадиле стеблата.

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори итрага против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи.

„Во координирана акција и извршен претрес, на 28 септември, во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, пронајдени се 65 стебла од растението Канабис Сатива. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите“, соопшти Обвинителството.

При претресот, пронајдено е и оружје кое осомничените неовластено го држеле и тоа 8 патрони за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм.

Судот им определи притвор на осомничените од по 30 дена.​


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*