Осум казни за непрописно затемнување на стаклата на возилата


 Осум учесници во сообраќајот се казнети во периодот од 17.01.2022 до 23.01.2022 година во рамки на акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, од страна на Министерството за внатрешни работи.


 

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираа од МВР и најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.