Опожарена помошна просторија, сопственост на општина Шуто Оризари, нема повредени

Pozarnikari-Skopje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на 03.02.2024 околу 03.00 часот била опожарена помошна просторија, сопственост на општина Шуто Оризари во Скопје во која имало разни предмети, извести МВР.


„Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK