Ограбена црквата “Света Петка”!


На  25.06.2018 година во 18,00 часот во Полициска станица Кичево, Ј.П.(66) од Кичево пријавил дека во период од пред две недели, во село Прострање, кичевско, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата  „Света Петка“, при што откако влегол во црквата, со подесен предмет делувал на катанецот од металната  каса и одзел околу 1.500 денари.

Исто така, во период од 23 до 25.06.2018 година во село Прострање, непознат сторител го пронашол клучот од влезната врата во црквата „Св. Никола“, по што влегол внатре и  откако не пронашол ништо, заминал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настаните.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*