Одземено возило поради истечена регистрација повеќе од шест месеци


За една недела санкционирани 168 непрописно паркирани возила во Општина Центар - МИА

Тетовската полиција бележи случај на одземање возило поради истечена регистрација повеќе од шест месеци согласно измените и дополнувањата во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Покрај одземеното возило приведен е и возачот бидејќи немал лични документи.



-Вчера околу 11 часот, во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Tетово го привеле О.А. 29-годишен од Гостивар. Тој непоседувал документи за идентификација и управувал патничко моторно возило „фиат уно“ со гостиварски регистарски ознаки, а кое било со истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилото времено му е одземено, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од крајот на декември кога е започната примената на новите измените, досега се одземено 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци.  Возилата се одземаат на 90 дена.

Фото архива