Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против Е.А.(36) од Скопје


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против Е.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. На 23.03.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОСОСК и СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети поврзани со нелегална трговија со дрога. Претресот во домот на Е.А. е дел од дополнителните мерки  преземени во врска со реализираниот случај од почетокот на март 2021, во кој беа запленети 390 кг. и 379 грама марихуана, а за кој веќе е поднесена кривична пријава против Д.Н.(47) од Скопје. На Е.А., од судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор.