Одбраната на Спиро Ристовски: Исказите на Нинџа за 27 април се контрадикторни



– Сведокот Александар Василевски  – Нинџа, според одбраната на обвинетиот Спиро Ристевски, кажувал „Џејмс Бондовски” сценарија.  Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведокот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ до исказ.


 

– Прв исказ кој Нинџа го има дадено пред ОЈО ГОКК е на 14.06.2018 година по неговото пријавување од бегство. Тоа е најсвеж исказ на овој сведок и судско правило дека овој исказ има најголем кредибилитет. На прашање на одбраната зошто во неговинот исказ на 14.06.2018 година има изјавено дека протестите пред ДИК биле организирани од Кирил Божиновски, а на главната расправа пред овој суд изјавува дека протестите пред ДИК се организирани од организациониот секретар Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, сведокот одговора дека е сигурен, рече адвокатот Ристевски.

Од обезбедените листинзи на телефонските броеви на сведокот Александар Василевски – Нинџа, адвокатот Гоце Ристевски, посочи дека воопшто не е забележено телефонска комуникација меѓу Нинџа и обвинетиот Спиро Ристовски, на 27 април 2017 година.

– Во првичниот исказ сведокот Нинџа, воопшто не го споменува Спиро Ристовски. Со ваквото обвинение јас сум свесен дека јавниот обвинител го проготал овој детал во сведочењето на овој дискретидивен сведок по сите основи, но сум убеден дека вие како право-раздаватели нема да дозволите да вакви циркузи да поминуват при утврдување на решителните факти, рече Ристовски.

Судењето за „Организаторите на 27 април” e во фаза на завршните зборови. Минатите рочиште ова право го искористија обвинителството и обвинетиот Трајко Велјановски. Моментално своите завршни зборови ги дава обвинетиот Спиро Ристовски.