Обвинителство за организиран криминал и МВР спроведоа акција против дилери на дрога


– По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од ОЈО ГОКК и полициски службеници Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција каде се запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, три возила, поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, соопштија од Јавно обвинителство.


 

– Од слобода се лишени три лица, додека во текот на денешниот ден е пронајдено и приведено и четвртото осомничено лице. Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворица осомничени за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, во  текот на денот надлежниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор против сите лица.​