Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација.

Ова е причината и за одложување на денешното рочиште за случајот „Монструм“, каде Фетаи и Бубевски се застапници на обвинението.

Бубевски, нема симптоми и се чувствува добор, но се тестирал бидејќи е во постојан контакт со повеќе луѓе, додека Фетаи, ќе биде 14 дена во самоизолација поради контакти со Бубевски, со кого присуствувала заедно на неколку судења во последните неколку недели.

Денешното рочиште за случајот „Монструм“ беше одложено за 26 август годинава, поради најавено отсуство на надлежниот јавен обвинител, информираа претходно од Основниот кривичен суд.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Предметот „Монструм“ се однеусва за петкратното убиство на 12 април 2012 година на Смилковското Езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, а случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*