Неколку тешки сообраќајни несреќи! Има повредени!


На 26.06.2018 година околу 12.30 часот на регионалниот во близина на крстосницата с. Црничани – Богданци, А.С.(29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, коешто излегло надвор од коловозната лента и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гевгелија е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје на понатамошно лекување, додека сопатникот Д.П.(33) од Скопје, се здобил со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На 26.06.2018 година во 14.00 часот на патот Прилеп – Градско во атарот на с. Камен  Дол, Н.С.(23) од село Кучевиште, скопско, управувајќи товарно моторно возико „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С., а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(21) од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 26.06.2018 година во 11,00 часот на булеварот “Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од А.А.(24) од Скопје и патничко моторно возило “Хјундаи Акцент“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Т.(21) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила  сопатничката од патничкото моторно возило “Фолксваген Голф“ Н.А.(39) од Скопје која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 26.06.2018 година во 20,00 часот во Скопје на улицата “23-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода во која В.О. (26) од Скопје управувајќи мопед “Сим“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот. Од незгодата В.О. се задобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“  каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]