Не запрел на знак од сообраќаен полицаец и се обидел да го удри


На 28.07.2020 во 23.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на ул.„Самоилова“ патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, не запрело на даден знак од полициски службеник кој вршел службени дејства, туку се обидело да го удри и го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.