Нападнат полицаец во Ѓорче Петров



На 06.06.2018 година околу 12,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје на улица “Ѓорче Петров“ полициски службеник од Единицата за јавен ред и мир додека давал асистенција на инспектори од град Скопје (одделение за патен сообраќај за контрола на возила кои  превезуваат патници), С.Р.(31) од село Глумово, се доближил до полицискиот службеник и започнал вербално да го навредува по што и физички го нападнал. С.Р. бил приведен во Полициската станица Ѓорче Петров.


 

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.