На трансформатор од ЕВН имало залепени плакати од политичка партија


Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење - МИА

На 03.07.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозник на ул.„Лука Геров“ бил забележан предизборен плакат на политичка партија, а на трансформатор од ЕВН имало залепени плакати од политичка партија. Подоцна, во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4 Јули“, во населба Дексион, од полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров биле забележани Б.С.(29) и В.Р.(40), двајцата од Скопје, како поставуваат висечки банер на политичка партија, и истите се изјасниле дека немаат одобрение за поставување на банери. Во текот на вечерта 02/03.07.2020 на подрачје на Општина Ѓорче Петров биле поставени околу 5-6 висечки банери на повеќе локации. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.