На територијата на СВР Штип изречени 70 казни за брзо возење


На територијата на СВР Штип денеска  во периодот од 08.00 до 14.00 часот е спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се казнети 70 возачи, соопшти МВР.


 

Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.