Вкупно девет лица се санкционирани при акциската контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што во текот на изминатата вечер, во периодот од 21:00 до 3:00 часот, беше спроведена на територија на СВР Битола.
Од нив, како што информира МВР, пет се санкционирани на територија на Битола три во Ресен и еден во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и четири други видови прекршоци.
Од МВР најавуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.