На територија на СВР Тетово приведени 110 криминалци барани со потерници, во првите шест месеци од 2022


Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово привеле 110 лица кои со судски наредби се барале за издржување затворски казни, претежно на тетовското подрачје, а во последните два месеци и на гостиварското.

 

 

Најголемиот број од нив, соопштија денеска од МВР, биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ и за други кривични дела.