На територија на СВР Битола изречени 23 санкции за непрописно престигнување


При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување на територија на СВР Битола спроведена во текот на денешниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот констатирани се и законски санкционирани 23 прекршоци.

 

 

Како што информира МВР, за време на контролата биле санкционирани и 18 други видови прекршоци.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, се додава во соопштението.