На Табановце приведен бегалец по кој трагал Интерпол



 

Вчера во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.А.(35) од Р.Албанија се наоѓал на СТОП-листа на Интерпол и за него била распишана меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти полицијата.