На подрачјето на СВР Велес казнети 27 возачи за пребрзо возење


На подрачјето на СВР Велес, од страна на сообраќајни екипи при акциска контрола вчера во периодот од 9:00 до 16:00 часот се изречени 27 санкции за возачи кои управувале со возилото со брзина поголема од пропишаната.



Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека од вкупниот број на прекршоци, осум мерки се изречени во Велес, 10 во Кавадарци и во Неготино девет прекршоци.

– Против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, најави Додевски.