МВР: Седумдесет и пет санкции за брзо возење во Кратово и Крива Паланка


Санкционирани 371 возачи во Скопје, 120 за пребрзо возење

– На подрачјата на ОВР Крива Паланка и ОВР Кратово изминатиот викенд преземени се мерки и активности и констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, еден возач управувал возило пред да се стекне со право за управување на моторно возило, а тројца биле под дејство на алкохол, соопштија од Министерството за внатрешни работи.



Од МВР велат дека од сообраќај биле исклучени и четири возила поради непочитување на сообраќајните прописи. Санкционирани се и други 12 прекршоци.