МВР: Неточни и паушални се тврдењата на ИВЗ околу наводниот полициски притисок


Потврдени 12 случаи на вработени во МВР позитивни на Ковид-19 - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница, а по повод чествувањето на претстојниот верски празник Фитр Бајрам, соопштија од МВР.

Од МВР истакнуваат дека полицијата ниту има надлежност ниту пак се обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Дополнително во соопштението на полицијата се вели дека јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво.

– Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целава земја предизвикана од пандемијата со корона вирусот (“ковид 19“), Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитувањето на донесените владини мерки, уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓанина нашата држава,особено внимание посветува и на превентивното делување, инфомираат од МВР.

Свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата  и зачувување на здравјето на граѓаните, со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување особено во пресрет на претстојните државни и верски празници. И во оваа ситуација   станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, велат од МВР.

Се потенцира дека полициските службеници секојдневно работат и во делот на превенција информирање и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните.

-Таквото полициско делување пред се на локално ниво, во локалните заедници, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ, велат од МВР.

МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја. оџ/

 

 


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]