Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19



Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19 - МИА

Приштина, 16 септември 2020 () – Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Северна Македонија, затоа што при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за Ковид-19, јави дописникот на од Приштина.

Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.

Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.

– Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Северна Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за Ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура, се вели во денешниот билтен на косовското МВР. нд/


Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]

Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*