Л.У.(70) од село Форино, гостиварско извадил пиштол во тепачка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.У.(70) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.

На 03.10.2018 година околу 07.10 часот во кафетерија на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани кон З.Р.(40), Б.К.(27) и Т.Ф.(49), сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе. При преглед над пријавениот полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Глок” и рамка со 13 куршуми калибар 9 мм.


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]