Кумановец приведен за кражба


Кумановската полиција приведе дваесет и шестгодишен кумановец за кражба, соопшти денеска полицијата. Полицијата кај него пронашла предмети кои ги украл во стовариште.

– Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (26) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на улица.„Биљановска“ во Куманово, при што кај него биле пронајдени украдените предмети, соопшти полицијата.


 

Тој бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.