Кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана


– Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 18 февруари во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 108,66 грама спакувана во повеќе различни пакувања. При претресот биле пронајдени и една дробилка со остатоци од марихуана и една дигитална вага за мерење.

Ценејќи ги сите околности во предметот и здравствената состојба на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.


Вести

Расте бројот на инфицирани со Ковид-19, но засега нема поригорозно ограничување на движењето на граѓаните

– Во деноноќието меѓу 30 и 31 март се потврдени 44 нови случаи на инфицирани со коронавирусот, со што бројот на вкупно заболени досега достигна 329, од кои 12 се излекувани, а деветмина починаа. Властите […]

Вести

Минимална плата и дополнителни кредити за приватниот сектор за зачувување на работните места и ликвидност

– Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на […]

Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]