Кривични пријави за пет лица за фалсификување исправа и злоупотреба на службена положба


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против двајца кумановци, С.Т. (47) и К.Н. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

 

Кривична пријава доби и лицето Љ.Т. (57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и ДПГТУ „КООП Инженеринг“ – ДОО Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

 

Лицата С.Т. и К.Н., вработени како машински, односно градежен инженер во „КООП Инженеринг“ Куманово, на 29 ноември минатата година изготвиле и своерачно поптишале Градежен дневник и Градежна книга со невистинита содржина дека наводно градежните работи според основниот проект „Реконструкција на локален пат во селото Близанци“ биле во целост завршени, иако воопшто не биле ни започнати.

 

За овој проект „КООП Инжинеринг“ Куманово, претходно било избрано како најповолен понудувач и градежните работи требало да ги заврши на 29 ноември минатата година.

 

Ваквите документи со невистинита содржина, Љ.Т. во својство на надзорен орган со лиценца, назначен од страна на инсвеститорот, општина Кратово, со писмен налог за вршење на стручен надзор над градби во општина Кратово за 2018 година, со свој потпис како вистинити ги оверил, по што изготвил и со свој потпис и печат заверил Завршен извештај и Извештај за извршен Технички преглед од надзорен инжинер за објект „Реконструкција на локален пат во с.Близанци“ со невистинита содржина.

 

Врз основа на вака изготвените документи, како што се наведува во соопштението, општина Кратово на правното лице на 28 декември минатата година му исплатила 2.189.771 денари и на тој начин правното лице се стекнало со противправна имотна корист за наведената сума, а на штета на Буџетот.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]