Кривични пријави за 16 дебрани, правеле забава во викендица покрај Дебарско Езеро


– Сопственик на викендица, лоцирана на брегот на Дебарско Езеро и негови пријатели заработија кривични пријави поради непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.



– Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Р.У.(38) и против други 15 лица, сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додаде дека при контрола извршена на 30 декември минатата година, полициските службеници ги затекнале пријавените на забава, организирана од Р.У. во неговата викендица лоцирана на брегот на Дебарското Езеро.

– Со групирањето во затворени простории, пријавените, ги прекршиле безбедносните протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19,порад што против нив се превземени пропшаните законски мерки, посочува Димоски.

Ова е прв прекршок од ваков вид на подрачјето на Одделението за внатрешни работи, кое со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа.