Кривична против скопјанец за измама


Тешка кражба во дебарското село Могорче - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – СВР Штип, до ОЈО Штип, поднесе кривична пријава против А.Љ.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „измама“ и „оштетување или повластување на доверители“.

Пријавениот, во текот на декември 2019 година ги довел во заблуда одговорните лица на три правни лица од Штип, соопшти денеска МВР.

– Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на позната и голема фирма (која не постои и никогаш не постоела) од Скопје, a која обавува иста или слична дејност со тие фирми. За тој износ ги оштетил фирмите, се појаснува во соопштението.

Во текот на октомври 2019, застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27.01.2017 од управителот, се подвлекува, иако знаел дека правното лице е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од 200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]