Кривична пријава за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба

drva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.

Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ – Берово, му овозможиле на третопријавениот да изврши сеча, дотур и превоз на дрвна маса од парцели во приватна сопственост, со што се стекнал со вкупна материјална корист од 3.306 446 денари, соопшти МВР.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK