Кривична пријава за стружанец кој повредил сограѓанин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 17.09.2019 во Струга, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал И.М.(30) од Струга и му нанел тешки телесни повреди.