Кривична пријава за прилепчанка за „затајување“


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.


 

– Пријавената, вработена како касиер во правно лице за игри на среќа во Скопје, на 07/08.11.2021, додека била на работното место, присвоила за себе пари во износ од 276.220 денари кои ѝ биле доверени како задолжен депозит во врска со нејзината работа, со што го сторила кривичното дело, соопштија од МВР.