Кривична пријава за Б.С.(63) од Гостивар. На неговиот фејсбук профил објавил статус со расчистичка и ксенофобична содржина



На 18.03.2019 околу 17.00 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека Б.С.(63) од Гостивар, на неговиот фејсбук профил објавил статус со расчистичка и ксенофобична содржина. Б.С. бил приведен во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.