Кривична пријава против жител на Брест за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“

policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(30) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза” по член 279- Б од Кривичниот законик.


Тој на 08.08.2023, набавил 310 килограми тутун спакуван во повеќе пакувања без контролни маркици, по што го пуштил во промет на територијата на државата.

На тој начин, тој избегнал да плати акциза предвидена во член 85 став 3 и член 124 став 2 од Законот за акцизи во вкупен износ од 713.000 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија и се стекнал со противправна имотна корист.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK