Кривична пријава против правно лице за угостителска дејност со седиште во с.Облешево


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против правно лице за угостителска дејност со седиште во с.Облешево, општина Чешиново-Облешево и Д.А.(37) од с.Облешево, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.12.2020 во 18.35 часот, при извршена контрола од полициски службеници од ОВР Кочани во угостителскиот објект било констатирано дека тој сѐ уште работел и во него биле затекнати седум лица, со што пријавените ги прекршиле дополнителните рестриктивни мерки заради заштита на населението од ковид-19, кои се однесуваат на ограничување на работно време на угостителските објекти до 18.00 часот.