Кривична пријава против повеќемина од Македонија и странство


Реакција на Синдикатот на полицијата за прераспределувањето на полициските службеници - МИА

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна Македонија и В.Б.(37) државјанин на Велика Британија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во периодот од 16.02 до 27.02.2021 во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.