Кривична пријава против Љ.М.(26) од Кичево


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Љ.М.(26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“. При претрес извршен во нејзиниот дом на 06.05.2021 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 23 пакувања и една кеса со марихуана. Притоа, таа нападнала полициски службеник.