Kривична пријава против Х.А.(31) од Тетово


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Х.А.(31) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 02.01.2021 во Тетово, при претрес во угостителски објект, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Desert Eagle Pistol“, пиштол „Ekol Special 99“ калибар 9мм, 18 куршуми калибар 9мм и полуавтоматски пиштол „GLOСK“ со девет куршуми калибар 9мм.