Кривична пријава против двајца велешани, измамиле граѓани продавајќи им празни ЦД-а за учење странски јазици

cd
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл. 247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл. 378 од Кривичниот законик.

– Имено, во координација со скопското Основното јавно обвинителство, полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените, при што било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист, известуваат од полицијата.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK