Kривична пријава против Д.Ј.(29) од Скопје



СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 14.01.2020 до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе  кривична пријава против Д.Ј.(29) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Д.Ј. се сомничи дека во текот на овој месец од Република Албанија набавил поголема количина хашиш смола и хашиш масло, која планирал да ја продаде во Скопје и други градови во земјата. На 13.01.2020 околу 19 часот Д.Ј. бил лишен од слобода на магистралниот пат Гостивар – Кичево, бидејќи при преглед на неговото возило „фолксфаген голф“, со скопски регистарски ознаки,  биле пронајдени шишиња со масло од канабис. Судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар на 14.01.2020 на Д.Ј. му определил мерка притвор од 30 дена.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]